Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, се збогува со Леброн Џејмс. Една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката ги информираше Лејкерси дека франшизата може да продолжи без него, бидејќи планира да ја игра сезоната 2026-27 на друго место.
Тоа практично значи крај на една голема ера во Лос Анџелес, каде што Леброн пристигна во 2018 година и ја освои титулата во НБА со Лејкерс во 2020 година.
Дончиќ и Џејмс го носеа дресот на „езерџиите“ заедно минатата сезона.
„Беше чест да играм и да учам од тебе“, напиша Дончиќ.
Голден Стејт, Мајами и враќање во Кливленд се најреалните дестинации за Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
