Дончиќ се врати и го „растури“ Сакраменто, Леброн и Дејвис немилосрдни кон Денвер (ВИДЕО)

Лука Дончиќ на извонреден начин се врати на паркетот по паузата поради повредата. Словенечкиот кошаркар беше незапирлив во триумфот на Далас против Сакраменто од 131-111 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата.

Дончиќ натпреварот го заврши со 33 поени, 12 скокови и 8 асистенции за 31 минута на паркетот. Покрај Дончиќ одличен беше и Порзингис кој уфрли 27 поени и имаше 13 скока. На спротивната страна Бредли Хил уфрли 22 поени.

Во најинтересниот натпревар на вечерта ЛА Лејкерс на гости славеа против Денвер по продолжение со 120-116. Ентони Дејвис запиша 33 поени и имаше 10 скока, додека Леброн Џејмс го заврши мечот со трипл-дабл ефект од 32 поени, 14 асистенции и 12 скока.

Во останатите натпревари Кливленд беше подобар од Атланта со 127-105, Орландо по продолжение славеше против Детроит со 116-112, Бруклин го победи Торонто со 101-91, додека Индијана пред своите навивачи триумфираше против Милвоки со 118-111. Вашингтон на гостински терен го победи Њујорк со 96-114 а Мемфис беше подобар од Портланд победувајќи со 111-104. Шарлот триумфираше на гости против Минесота со 108-115, Феникс беше подобар од Голден стејт а Јута славеше против Мајами со 116-101.

Се вчитува...