Дончиќ: Цел ми е да освоиме многу титули со Лејкерс!

Лука Дончиќ јасно си постави цел за својата ера во Лос Анџелес Лејкерс, а тоа се шампионски титули.

Словенечкиот кошаркар напиша личен есеј насловен „Да се ​​освои сè: За кошарката и припадноста“, кој е објавен во новата книга „Лејкерс: Официјална историја на виолетовите и златните“ официјална историја на славната НБА-франшиза на 528 страници.

Во текстот, Дончиќ се осврна на својот пат од Словенија, преку Реал Мадрид и НБА-лигата, па се до трансферот од Далас Маверикс во Лејкерс во февруари 2025 година.

Тој призна дека се уште му изгледа малку нереално што го носи дресот во виолетова и златна боја, но нема дилеми околу тоа што сака да постигне во Лос Анџелес.

„Не сум сигурен дали некогаш би можел да замислам дека ќе бидам овде. Ова е прекрасно изненадување, чувството е неверојатно, а сега силно го посакувам она што го сакаат сите во Лејкерс  да се освои сe“, напиша Дончиќ.

Се вчитува...