Дориев три години во Шкендија: Дојдов да освојувам трофеи

Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев е најновото засилување на Шкендија за новата сезона во Првата лига, но и за настапот во квалификациите од Лигата на Европа. Тој потпиша тригодишен договор со тетовскиот клуб и вели дека ќе се фокусира на освојување трофеи со новиот клуб.

„Првпат во кариерата правам ваков голем чекор и ќе играм надвор од Струмица. За мене. Шкендија е најдобриот клуб во Македонија во овој момент. Потписот за мене е голем чекор напред во кариерата и во животот. Дојдов да освојувам трофеи во Македонија и да уживам во успеси во Европа“, изјави Дориев по потписот на договорот со Шкендија.

Се вчитува...