Доријан дебитираше, први заеднички минути за браќата Бабунски во А-тимот

Доријан Бабунски го одигра првиот натпревар во сениорскиот дрес на македонската репрезентација, влегувајќи во игра во 73. минута на местото на Милан Ристовски на вчерашниот натпревар против Бугарија на стартот од новата сезона во Лигата на нации.

Помладиот од браќата Бабунски ги одигра првите минути во А-тимот и тоа за првпат и заеднички во македонскиот дрес со својот брат Давид.

Давид, пак, кој беше незаменлив во златната генерација на Милевски која обезбеди пласман на ЕП 2017, во сениорската репрезентација на Македонија досега има девет одиграни натпревари.

Се вчитува...