Дортмунд дава 10 милиони евра за 16-годишник од Белгија

Борусија Дортмунд зимава ќе го ангажира 16-годишниот белгиски интернационалец Жулиен Дуранвил. Деснокрилниот играч на Андерлехт ќе се пресели во Дортмунд за 10 милиони евра.

Тој треба да биде замената за Џејдон Санчо, кој што во 2021 година летото замина во Манчестер Јунајтед. Неговиот договор со Андерлехт истекува во јуни 2024 година, а во моментов неговата цена е околу 5 милиони евра.

Сезонава Дуранвил има одиграно 14 натпревари и постигна два гола. Станува збор за брз фудбалер, кој треба да биде иднината на „милионерите“.

Дортмунд уште еднаш со ангжманот на млад талент, покажува дека ангажира играчи под 18 години, а потоа ги произведува, па ги продава по стотици милиони евра на големите клубови.

Се вчитува...