Дортмунд со епски пресврт до полн плен на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со епски пресврт успеа да стигне до гостински триумф (2-3) против Ајнтрахт Франкфурт во 18. коло од германската Бундеслига. Домаќините до 24. минута имаа веќе водство од 2-0 со головите на Боре.

Сепак, клучниот момент се случи во 65. минута со влегувањето на Торген Азар кој веќе во 71. намали на 2-1. На 2-2 израмни Белингем во 87. минута, додека конечните 3-2 ги постави Дахуд во 89. минута.

 

 

Се вчитува...