Досадно дерби меѓу Монако и Лил

Монако и Лил одиграа без голови 0-0 во дербито на 29. рунда од француската Лига 1. Еден натпревар без многу возбудувања, во кој за издвојување е само поништениот гол на домаќините во 21. минута, кога во офсајд се најде Бен Једер.

Лил останува водечки со 63 бода, односно три повеќе од актуелниот шампион Пари Сен Жермен кој вечерва ќе го одигра својот дуел од 29. коло дома против Нант. Монако останува 4. со 56 бода.

 

 

Се вчитува...