Досегашниот помошник, од денеска прв тренер на КК Куманово

Управата на КК Куманово експресно ги разреши дилемите по оставката на досегашниот тренер Владимир Мирковски. Улогата на нов шеф на стручниот штаб му е доделена на Игор Ѓоргиевски, кој досега беше дел од стручниот штаб на Мирковски, а од денеска и официјално добива можност да го предводи овој тим.

„По подолг период имаме кумановец на тренерската позиција кој ќе им даде шанса и на нашите кумановски играчи. Клубот денеска ја прифати оставката на досегашниот тренер Владимир Мирковски. Голема благодарност за сиот негов досегашен ангажман во клубот и му посакуваме среќа во понатамошната работа“, изјави претседателот на КК Куманово, Александар Крстевски.

Новиот тренер ќе дебитира на функцијата на утрешниот натпревар на домашен терен против ТФТ. Куманово досега одигра седум натпревари во Првата лига, бележејќи четири победи и три порази.

Се вчитува...