Достаниќ наметна пеколен ритам за „романтичарите“ во Охрид (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Под максимален ритам, со два тренинга дневно, фудбалерите на Работнички ги одработуваат подготовките во Охрид.

Избраниците на Ратко Достаниќ низ крајно позитивна атмосфера, под одлични услови на теренот на СРЦ „Билјанини извори“ ја реализираат втората фаза од подготовките во која ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари.

На првиот тест покрај Охридското езеро „романтичарите“ славеа против Пелистер со 2-0.

 

Се вчитува...