Работнички загуби со 0-2 од Шкендија на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Охрид.
Шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ вели дека поразите секако не оставаат рамнодушен никого во тимот, но сепак во моментов резултатите апсолутно се во втора план наспротив желбата за максимална тактичка подготовка пред стартот на сезоната.
„Вчерашната победа на Шкендија беше сосема заслужена. Нам во моментов не ни се важни резултатите, туку играта и се останато околу тактиката. Секако дека на пораз нема да останеме рамнодушни, но сепак игравме против сериозен ривал кој има највисоки амбиции. Важно е што играчите се добро подготвени, повредите за сега не одбегнуваат и чекориме по зацртаниот план кој го имаме“ – вели Достаниќ за официјалната интернет страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА