Местел тениски мечеви, доби доживотна суспензија

Египетскиот тенисер Јусеф Хосам доби доживотна суспензија бидејќи направил 21 прекршок со обложување. Единицита за чување на интегритетот во тенисот вчера објави дека Хосам веќе никогаш нема да заигра на некој тениски турнир бидејќи е докажано дека местел натпревари.

21-годишниот тенисер местел натпревари во периодот од 2015 до 2019 година. Во кариерата најдобар пласман имаше во декември 2017. кога беше 291. на АТП листата, а пред суспензијата се наоѓаше на 820. позиција.

Во фамилијата Хосам местењето натпревари не е непознато, бидејќи и неговиот постар брат Карим пред две години од истата причина доби доживотна суспензија.

Се вчитува...