Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција и претставник во ЕХФ Купот за сезоната 2022/23, ЖРК Куманово денес и официјално ја претстави Драгана Ристова за нов тренер на клубот.
Станува збор за екс-репрезезнтативка на Македонија, која со успех го водеше ЖРК Вардар минатата сезона.
„Драгана е поранешна репрезентативка на Македонија и има настапувано во РК Скопје, РК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Будуќност Подгорица (клуб со кој го има освоено Купот на победниците на куповите) , а играчката кариера ја заврши во ЖРК Вардар, каде што подоцна ја започна тренерската работа. Изминатите неколку сезони успешно го водеше првиот тим на ЖРК Вардар. Ристова е носител на мастер тренерска лиценца. Со Драгана во стручниот штаб уште ќе бидат Сашо Божиновски-тренер на голмани, Славиша Димитријески-помошен тренер и Воја Ангеловски физиотерапевт“, стои во соопштението на ФБ страната на ЖРК Куманово.
ЖРК Куманово за противник во квалификациите на ЕХФ Купот го доби тимот на Макаби Аразим од Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА