Драгарски и Фазлиу ја продолжија верноста со Пелистер

Новиот прволигаш Пелистер го составува ростерот за новата сезоната во македонскиот шампионат. Битолчани денеска ги продолжија договорите со стандардните првотимци Христијан Драгарски и Љавдрим Фазлиу.

Драгарски во Битола стигна во јануари годинава од редовите на Струга Трим и Лум. Љавдрим Фазлиу во истиот преоден рок го засили Пелистер, преминувајќи од редовите на Работнички.

Битолскиот тим вчера го потпиша Валентин Кочоски кој замина од Струга Трим Лум. Претходно беа доведени голманот Давор Талески, дефанзивецот Дарко Илиески, играчот за врска Ѓорѓи Танушев и црногороскиот интернационалец Иван Пејаковиќ кој настапува на крилните позиции.

Се вчитува...