Фудбалерките на Драгон претрпеа уште еден пораз во квалификациите за Лигата на шампионите за жени откако македонскиот првак загуби со 3-0 од норвешкиот состав Авалдснес.
Трите примени гола се значаен чекор напред откако претходно Драгон беше декласиран од Осијек со неверојатни 13-0, во ситуација кога поразите на сите натпревари од овие квалификации веќе се однапред пресметани со оглед на големата разлика во квалитет.
Новежанките поведоа со 2-0 до 21. минута, потоа во вториот дел ги поставија конечните 3-0, а за одбележување е дека Драгон го заврши натпреварот со играч помалку по црвениот картон на Ѓорѓевска во 94. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА