Драгонки ги „лапна змејот“: Загубија 11-0 од Брајдаблик

Македонскиот првак во женски фудбал, тимот на ЖФК Драгон, доживеа срамен пораз во квалификациите за Лигата на шампионите губејќи од исландскиот тим Брајдаблик со 11-0. Ривалот беше комплетно супериорен, а тоа го покажува и резултатот.

Гунлаугсдотир, Антонсондотир, Торвалсдотир од пенал, Магнусондотир ги постигнаа головите во првото полувреме, а Торвалдсдотир стигна до „покер“, а мрежата на македонскиот тим ја погодија и Антонсдотир, Вилјамсдотир, Јохансдотир и Магнусдотир.

Последниот меч од квалификациската група, македонскиот тим ќе го игра против АСА Тел Авив од Израел.

Се вчитува...