„Драгонки“ со уште еден убедлив пораз ги завршија квалификациите во ЛШ

Фудбалерките на ЖФК Драгон и со трет убедлив пораз во Групата 1 ги завршија квалификациите во Лигата на шампионите.

На турнирот кој се играше во Сараево, „драгонки“ во третиот натпревар загубија со 0-7 од израелскиот шампион АСА Тел Авив. Стрелци на головите за Израелките беа Ефраим, Коен, Накав, Сеиден, Езурике и Елинав во два наврати.

Македонскиот шампион претходно загуби со 0-11 од Брајдаблик, а во првото коло загуби и со 0-5 од домаќинот Сараево, на крајот завршувајќи на последното место во групата со вкупна гол разлика од 0-23.

Се вчитува...