Дракслер го одби Баерн, останува во ПСЖ

Џулијан Дракслер и во иднина ќе продолжи да го носи дресот на ПСЖ откако ја прифати понудата за нов тригодишен договор со францускиот првак. Актуелниот договор на Дракслер истекува на крајот од сезонава и Германецот беше поврзуван со камбек во татковината, каде Баерн Минхен испрати интересна понуда за негов ангажман.

Сепак, на крајот пресуди доаѓањето на Маурицио Покетино на тренерската функција во ПСЖ, аргнетинскиот стратег му даде поголема минутажа на Дракслер, воедно и самиот побара од директорот Леонардо да му биде понуден нов договор на крилниот офанзивец.

Токму на иницијатива на Покетино биле иницирани новите преговори кои на крајот вродија со плод, Дракслер се согласил на нов тригодишен договор, прифаќајќи и значително помала плата од оние седум милиони евра што моментно ги заработува во Париз.

Се вчитува...