Експедицијата на ФК Црвена Звезда се соочи со вистинска драма во воздухот за време на летот кон Санкт Петербург, каде црвено-белите треба да одиграат пријателски натпревар против екипата на Зенит.
Патувањето на српскиот шампион кон Русија го одбележаа силни и непријатни турбуленции кои предизвикаа немир меѓу патниците. Дополнителна паника и загриженост кај навивачите предизвика моментот кога авионот накратко исчезна од системите за следење на летовите (радарите).
Сепак, стравувањата брзо беа надминати откако леталото повторно се појави на мапите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
