Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, би можел повторно да го одложи потпишувањето нов договор.
Според извори на Марк Штајн и Џејк Фишер, ова лето Јокиќ повторно ги исполнува условите за продолжување на соработката со Денвер.
Но, тој би можел да го одложи тоа и да потпише нов договор подоцна оваа сезона или следното лето, што би создало голема драма во Колорадо.
Јокиќ, исто така, има можност да избере продолжување на договорот за сезоната 2027/2028, кога би можел повторно да потпише за Денвер, таканаречената „опција за играч“.
И српскиот центар и клубот постојано ја изразуваат својата желба Јокиќ да ја помине целата своја кариера во тимот од Колорадо.
Јокиќ има можност да потпише тригодишно продолжување во вредност од 215 милиони долари (доколку ја искористи својата опција за играч за сезоната 2027/2028).
Доколку ја одбие својата опција оваа сезона, ќе има право да потпише четиригодишен договор од 280 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
