Куќата на холандскиот фудбалер Џастин Клајверт, член на шпанска Валенсија, била мета на ограбувачи кои освен материјална штета, повредиле и две женски лица. Настанот се случил во Бетера, предградие во Валенсија, а притоа едната од двете жени била девојка на фудбалерот, додека за другата нема информации, а се претпоставува дека е куќната помошничка.
Токму девојката повикала полиција, а штетата се проценува околу 150.000 евра откако ограбувачите украле пари, накит и часовници. Ова е само продолжение на ограбување на фудбалери од Ла Лига. Во претходните месеци мета на ограбувачи беа и Бензема, Родриго, Карвахал…
Клајверт е син на познатиот фудбалер Патрик Клајверт. Тој игра во Валенсија од 2022 година, и има 24 години. Важеше за еден од поголемите холандски таленти, но засега не го оправдува тој епитет, и е далеку од успесите кои ги имаше неговиот татко кој играше меѓудругите и за Милан и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА