Џини Бас, гувернерката на Лос Анџелес Лејкерс, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестра да го продадат преостанатиот удел од 17,8 отсто од семејната сопственост во клубот на Џош Кушнер и Боб Ајгер.
Доколку се реализира оваа продажба, Бас би можела да ја загуби функцијата што ја извршува од 2013 година. Семејството Бас овој месец гласаше за продажба на преостанатиот удел во Лејкерс, но Џини тврди дека гласањето е неважечко.
Нејзиниот адвокат, Адам Страјсанд, во писмото наведе дека продажбата не може да се спроведе без согласност на сегашните доверители на семејниот фонд – Џини, Џени и Џои Бас. Проблемот е во тоа што функцијата гувернер на Лејкерс бара најмалку 15 отсто сопственост.
Доколку се продаде семејниот удел од 17,8 отсто, Џини Бас повеќе нема да го исполнува тој услов и ќе ја загуби улогата на сопственик со контролен удел. Според претходниот договор со Марк Волтер, таа требаше да остане на таа функција најмалку до 2030 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
