Расинг Сантандер и Депортиво Алавес одиграа драматичен натпревар во шпанската Ла Лига, кој заврши со триумф на домаќините од 2-1, но дуелот остана во сенка на страшната сцена која се случи во самата завршница.
Натпреварот го обележа непријатна сцена во финишот кога младиот напаѓач на Алавес, Аитор Манас, имаше жесток судир со глава со Хорхе Салинас. Манас потешко помина во дуелот и при обидот да стане беше очигледно дека ја изгубил контролата и дезориентирано не знаеше каде се наоѓа. Фудбалерите на двата тима веднаш реагираа, му помогнаа да легне на тревата, по што медицинскиот тим со носилки го изнесе од теренот.
The game have to be interrupted because of horrific injury Aitor Manas of ALAVES suffered, and quick recovery br pic.twitter.com/AAPlbXjOE3
— Opeyem! (@Opeyemi_1010) September 12, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
