Дрејмонд Грин го продолжи договорот со Голден стејт вориорс

НБА франшизата на Голден Стејт вориорс потпишаа нов договор со Дрејмонд Грин.

Ова беше една од најважните теми во периодот на слободни агенти, а не беше познато дали искусниот кошаркар ќе ја продолжи соработката со тимот со кој освои четири НБА-титули.

Според медиумите, Грин ќе потпише едногодишен договор и ќе заработи 27,7 милиони долари. Ова ќе биде негова 15. сезона во кариерата. Досега, тој четири пати беше дел од „Ол-стар“ тимот, а во 2017 година беше прогласен за најдобар одбранбен играч во лигата.

Се вчитува...