Дрогба се присети на легендарен момент: Му кажав на Мата, маестро те молам помогни ми да ја освојам ЛШ

На денешен ден пред 10 години Челси стигна до првата титула во Лигата на Шампионите откако во големото финале во Минхен славеше над Баерн. Херојот на „сините“ беше Дидие Дрогба кој во 88. минута донесе изедначување, а во пенал-рулетот го постигна и победоносниот гол.

На десетгодишниот јубилеј легендарниот напаѓач од Брегот на слоновата коска се присети на момент пред финалето и разговор со Хуан Мата.

„На младиот, тогаш 23-годишен Мата му кажав. Маестро те молам помогни ми да ја освојам Лигата на Шампионите. Тој ме погледна како да сум луд и кажа. Човеку ти си Дидие Дрогба, ти ќе ми помогнеш да ја освојам“, вели Дрогба.

Интересно, токму Хуан Мата беше асистент до Дрогба за изедначувачкиот гол во финишот на регуларниот дел од мечот, а по промашувањето на Шпанецот во пенал-рулетот, Дрогба беше тој кој ја донесе историската титула за Челси.

Се вчитува...