Во насока на што побезболно справување со економската криза поради коронавирусот во земјава, сите спортисти и спортски работници вработени во спортските колективи како и приватните спортски школи во Македонија ќе добијат по една минимална плата за месеците април и мај. Ова е еден од предлозите, меѓу сите останатите мерки за справување со финансиската криза, кои деновиве треба да се усвојат од Владата на РСМ.
„За сите спортски работници и спортисти вработени во спортските колективи, Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај“ – истакна на денешната прес-конференција Зоран Заев, претседателот на владеачката СДСМ. Овие предложени мерки треба да се усвојат и официјално и од Владата на РСМ наредниот период.
Претходно, како што е познато, Здружението на фудбалски прволигаши на Македонија испрати известување до Владата и до Фудбалската федерација на Македонија, во кое побара да бидат одредени мерки на помош за клубовите поради стопирањето на шампионатот.
Клубовите бараа токму да се одреди субвенционирање на платите за фудбалерите и вработените за периодот додека трае паузата поради пандемијата на Covid-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА