Ду Риц се повреди и ќе паузира, Талески на замена

Рајн Некар Левен скапо ја плати победата против Хановер (30-26) во првиот натпревар по паузата во Бундеслигата. Актуелниот германски шампион остана без еден од своите клучните играчи во составот, левиот бек Ким Егдал ду  Риц. Шведскиот ракометар се повреди во првото полувреме, мечот до крај го проследи од клупата со бандажиран зглоб, а прегледите покажаа дека се работи за посериозна повреда на лигаментите на зглобот. Според информацијата објавена на официјалниот клупски сајт на Рајн Некар Левен, Ду Риц го очекува пауза од неколку недели.

Ким Егдал ду Риц е еден од носителите на играта во Рајн Некар Левен имоментно трет најдобар стрелец во Бундеслигата со 86 гола. Швеѓанецот иако има само 28 години, најави дека на крајот од сезоната ќе ја заврши ракометната кариера и ќе патува низ светот.

Во отуство на Ду Риц, на левата бековска позиција кај „лавовите“ остануваат Данецот Матс Ларсен Менсах и македонскиот репрезентативец Филип Талески кој може да игра само во натпреварите од Бундеслигата, но не и во мечевите до Лигата на шампионите бидејќи сезонава веќе има настапи во ЛШ со Металург. На натпреварот со Хановер, Талевски не влезе во игра, но се очекува тренерот Николај Јакобсен да му даде шанса веќе на следниот натпревар на 5 март против Фуксе Берлин.

„Ду Риц се повреди и мислам дека ќе паузира околу пет недели, сепак, Рајн Некар Левен  е голем клуб со одлични играчи и верувам дека ќе успееме да го надополниме неговото остуство. Што се однесува до мене, тука сум ќе ја чекам својата шанса и ќе настојувам да ја искористам“ – вели Филип Талески.

kim taleski

Се вчитува...