Дурант ги уништи ’своите’ (ВИДЕО)

Трансферот на Кевин Дурант од Оклахома во Голден стејт ќе биде запаметен како еден од најнеочекуваните за изминатата година. Крилниот кошаркар професионално си го исполнува договорот во вицешампионот на НБА лигата, па синоќа го уништи својот поранешен тим запишувајќи 40 поени и 12 асистенции во победата од 100-121. Расел Вестбрук се истакна на противничката страна со нов, 21. трипл-дабл оваа сезона од 27 поени, 13 асистенции и 15 скокови, но ниту тоа не и помогна на Оклахома да го избегне поразот.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/6b4e89698104c8cd863d245962f6fc6b.mp4″]

Филаделфија славеше против Торонто со 94-89, најголем дел од поените (26) ги постигна Џоел Ембиид. Дерик Роуз имаше одлична вечер со 30 поени во победата на Никси кај Селтикс со 106-117, за зелено-белите одличен беше Ајзеа Томас со 39 поени.Резултати:Шарлот – Портланд 107-85Детроит – Атланта 118-95Њу Орлеанс – Орландо 118-98Сакраменто – Индијана 100-106

Се вчитува...