Дурант: Одам по петто злато во ЛА!

Иако ќе има речиси 40 години кога Лос Анџелес ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2028 година, ѕвездата на  Хјустон Рокетс, Кевин Дурант, сака повторно да игра за машката кошаркарска репрезентација на САД.

На неодамнешниот хуманитарен настан на организацијата „USA Basketball“, Дурант јасно стави до знаење дека настапот на Игрите во Лос Анџелес е цврсто дел од неговите планови.

„Едноставно е забавно, човеку. Тоа е прекрасно време. Патуваш низ светот. Не знам дали ќе патуваме низ светот бидејќи Игрите се во САД, но во последниве години бевме во Дубаи, Абу Даби, Париз, Лондон, на Канарските Острови, во Мадрид. Бев на места што ми го променија не само погледот кон играта, туку и кон животот воопшто. Посетив места на кои никогаш не би помислил да отидам да не беше кошарката. Тоа е едно од најдобрите искуства, човеку. Ги охрабрувам сите да играат за својата земја“, изјави Дурант. 

Се вчитува...