Дурант со „лавина“ свирежи и со силно обезбедување пречекан во Оклахома… (видео)

Сосема очекувано, како што беше и претходно најавено, Кевин Дурант со „лавина“ свирежи беше дочекан во Оклахома, за првпат како гостински играч по 54 натпревари.

Откако одлучи оваа сезона да замине од Оклахома, и да се приклучи на Голден стејт, некогашниот миленик на навивачите на Оклахома сега е најомразената личност. Така и беше дочекан… Токму поради тоа неизбежно беше и силно обезбедување на синоќешниот дуел, во кој очигледна беше нетрпеливоста на терен и меѓу некогашните соиграчи Расел Вестбрук и Кевин Дурант…

На крајот и по овие свирежи, Дурант очигледно беше далеку помотивиран па успеа да го понесе Голден стејт до гостинска победа од 130-114…

Се вчитува...