Дури 40.000 навивачи на Ливерпул се обиделе да влезат без билет на финалето

Дури 40.000 навивачи на Ливерпул се обиделе да влезат на стадионот во Париз на финалето со Реал Мадрид. Ова го тврди шпанскиот весник „Ел Паис“ кој пишува дека овие 40.000 фанови им се приклучиле на оние 20.000 кои имале билети за финалето.

Поради некои од нив кои успеаја во целта, дел од фановите и со билети не успеаја да влезат на стадионот. На мечот имаше и околу 20.000 навивачи на Реал Мадрид.

Влезовите на стадионот биле отворени на три часа пред финалето. Еден час пред да почне навивачите на Реал седеа на трибините, а празни беа местата каде што требаше да бидат фановите на Ливерпул. Забележано било како многу навивачи кои биле без билети упаднале на стадионот. Биле и уапсени неколкумина.

Од безбедносни причини, почетокот на мечот доцнеше 36 минути.

Се вчитува...