Два државни рекорди на македонските пливачки на митингот во Дубочица

Пливачката на ПВК Орион од Скопје, Миа Крстевска постави нов апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 200 метри-грбно со време од 2:18:02 минути, додека пак Миа Блажевска Еминова постави нов младински рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри-слободно со време 58:62 на меѓународниот пливачки митинг “Дубочица куп” кој се одржа во Лесковац, Србија и кој се наоѓа во календарот на Европската пливачка федерација.

Младиот пливач на ПК Вардар од Скопје, Станковски Дамјан беше прогласен за најуспешен пливач во категоријата на пливачи 9 години и помлади. На митингот учествуваа 384 пливачи од седум држави, а од Македонија учествуваа ПК Скопје, ПК Вардар, ПК Вардар 2018, ПК Младост, П.В.К.Орион и ПК Аква про.

Настапот на македонските пливачи на овој митинг претставува увертира за 2. Гран При митинг кој ќе се одржи во Скопје од 6. до 8. март во организација на Националната пливачка федерација.

Се вчитува...