Два години суспензија за ракометниот тепач од Куманово

Дисциплинската комисија при Ракометната Федерација на Македонија ги изрече казните за прекинатиот натпревар меѓу Куманово и Спартак, кој не се доигра поради инцидентот што се случи пред самиот крај, кога судиите беа нападнати од страна на домашните ракометари.

Најлошо помина Виктор Петковиќ, кој беше иницијатор на иницијатор на инцидентот, па сега ќе мора да мине две години надвор од ракометните терени. Покрај него, суспензии заработија уште двајца ракометари на Куманово, и тоа Дамјан Цветковски и Стефан Цветковски, кои заработија суспензии од по шест месеци.

Воедно, натпреварот сосема очекувано е регистриран со службена победа на гостинскиот тим од 0-10, а кумановци се казнети и со одземмање на еден бод.

Се вчитува...