Два гола на Муарем за триумф на Работнички против Охрид

Фудбалерите на Работнички триумфираа со 2-1 на третиот пријателски натпревар за време на подготовките покрај Охридското езеро. „Романтичарите“, по победата над Пелистер и поразот од Шкендија, сега славеа против второлигашот Охрид.

Сите три погодоци на мечот беа во првото полувреме. Творец на победата за Работнички беше засилувањето Муарем Муарем кој со два гола донесе предност од 0-2 за својот тим. Почесениот погодок за охриѓани го постигна Александар Целески.

Се вчитува...