Два од два во АБА 2: МЗТ Скопје го победи Спарс во Сараево

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја оствари и втората победа на стартот од АБА 2, откако во Сараево го совлада тимот на Спарс со 65-77. Составот на Ѓорѓи Кочов доминираше во најголем дел од мечот и заслужено стигна до победата. По забавениот почеток, МЗТ Скопје во третиот и четвртиот период покажа дека е поквалитетен тим и славеше со двоцифрена разлика.

Домашниот тим добро го отвори натпреварот, поведе по првите десет минути со 20-16, а во 15.минута ја оствари и најголемата позитива од осум поени (29-21). Потоа МЗТ Скопје влезе во одлична шутерска серија, успеа и да поведе со 33-34, а на полувреме сепак замина со еден поен негатива (35-34). По третиот период тимот на Ѓорѓи Кочов веќе имаше водство од пет поени (52-57), а во завршниот период ја надгради и на двоцифрена предност.

МЗТ Скопје во последните две минути влезе во седум поени позитива, а го заклучи мечот со кошот на Бојан Крстевски (63-72).

Џабари Хиндс имаше одлична партија за МЗТ Скопје, постигнувајќи 23 поени, надополнети со девет скока и осум асистенции. Дамјан Стојановски постигна 12 поени, а Нуни Омот уфрли десет кошеви. Во тимот на Спарс најефикасен беше Кенан Камењаш со 16 постигнати поени.

Се вчитува...