Два светски рекорди на воведниот ден на СП во пливање во мали базени

Женската штафета на Австралија на 4х100 метри го освои златниот медал на Светското првенство во мали базени во Мелбурн. Штафетата на Австралијките во состав Моли Окалаханм Медисон Вилсон, Мег Херис и Ема Мекион до златниот медал стигнаа со време од 3:25.43 минути што е за секунди и десет стотинки подобро од досегашниот рекорд кој беше во сопственост на холандската штафета од 2014 година. Сребрениот медал и припадна на Американската штафета, додека со бронза се закитија Канаѓанките.

Нов светски рекорд постави и машката штафета на Италија на истата делница. Штафетата во состав Алесандро Мирези, Паоло Конте Бонин, Леонадро Деплано и Томас Чекон поставија време од 3:02.75 што е за 28 стотинки подобро од досегашниот рекорд на САД од 2018 година. Сребрениот медал им припадна на Австралијците, додека со бронзата се закитија Американците.

Се вчитува...