Двајца унгарски пливачи паднале на допинг тест

Двајца унгарски пливачи се под истрага бидејќи се сомничат дека го прекршиле протоколот за антидопинг. Од Унгарија стигнуваат информации дека знаат за кои пливачи станува збор, но дека засега не можат да ги објават нивните имиња.

Објавено е само дека тие се маж и дама и дека мажот е познат олимпиец, кој плива делфин и кој учествувал на Игрите во Токио. Унгарија на последните игри ја претставуваа тројца пливачи во делфин стил и наскоро се очекува името да биде објавено. Информацијата ја шокираше унгарската јавноста бидејќи олимпскиот шампион и светски рекорден Криштоф Милак настапува во овој стил.

Под истрага е и еден борач од Унгарија, додека двајца кревачи на тегови од оваа земја се дефинитивно позитивни.

Се вчитува...