Две четврти места за Андреј Стојановски на ЕП во Лублин

Македонскиот пливач Андреј Стојановски постигна одлични резултати на Европското првенство за глуви кое од 2. до 8. јули се одржуваше во Лублин, Полска.

Стојановски стигна до две четврти места, и тоа на 200 метри слободно каде во финалето исплива со време 1:58.13 остварувајќи свој личен рекорд. До 4. место стигна и на 400 метри мешано со време 4:51.46 минути.

Во трката на 400 метри – слободно успеа да се избори за финале и заврши на шестото место, а 6. место освои и на 1.500 метри слободно, како и на трката на 200 метри-градно со време 2:33.25 што е негов најдобар резултат. Стојановски на 5. место заврши на трката на 200 метри-мешано со време 2:15.59.

Се вчитува...