Двете мајстории на Игнатов со кои ги сруши „пандевци“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Скопје неочекувано но сосема заслужено стигнаа до триумф со пресврт од 1-2 на гостувањето против фаворитот Академија Пандев во Струмица во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

А, најзаслужен за тоа е Леонид Игнатов кој запиша два извонредни гола за три бода.

Најпрво во 63. минута извонредно се снајде пред голот на домашните луцидно стрелајќи за израмнување…

А, потоа во 79. минута постигна вистински еврогол со шут од 20 метри за конечни 1-2.

Се вчитува...