Со одигрувањето на сите натпревари на денешната програма веќе е познат и целокушниот распоред за третото квалификациско коло од Лигата на Шампионите.
Динамо Загреб по елиминацијата на Шкупи ќе се сретне со бугарски Лудогорец, додека Црвена Звезда за противник ќе го има Пјуник. Макаби Хаифа приреди големо изненадување со денешната гостинска победа над Олимпијакос, а израелскиот тим има реални шанси да мине уште една рунда ако се знае дека за следен ривал ќе го има Аполон Лимасол.
Најинтересен се очекува да биде двомечот меѓу Монако и ПСВ Ајндховен, два тима кои купија квалитетни засилувања летово и дефинитивно имаат за амбиција да се пласираат во групната фаза од Лигата на Шампионите.
ДВОЈКИ ЗА 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
ПАТ НА ШАМПИОНИ:
Макаби Хаифа – Аполон Лимасол
Карабах – Ференцварош
Лудогорец – Динамо З.
Шериф – Плзењ
Бодо – Жалгирис
Црвена Звезда – Пјуник
ПАТ ПРЕКУ ЛИГА
Монако – ПСВ Ајндховен
Динамо Киев – Штурм
Унион С. – Глазгов Ренџерс
Бенфика – Митјиланд
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА