Еден Азар завршува со Реал и става крај на кариерата?

Реал Мадрид се одлучи да го раскине договорот со Еден Азар, една година пред неговиот истек. Шпанските медиуми пишуваат дека покрај тоа, „кралевите“ ќе му ја исплатат и последната година од договорот, и дека тој нема веќе да биде дел од најтрофејниот клуб во ЛШ.

Меѓутоа тоа не е се од Белгиецот. Шпанците наголемо пишуваат дека после тоа Азар ќе ја заврши и својата кариера на 32-годишна возраст. Тој во 2019 година стигна во Мадрид како големо засилување за Реал, но никогаш не го покажа својот потенцијал на „Сантијаго Бернабе“, и беше далеку од формата која ја имаше во Челси.

Неговто страдање очигледно е пред самиот крај. Азар накачи и повеќе килограми, и се потешко оди неговото враќање на терените од се почестите повреди.

Се вчитува...