Еден Мекиќ недоволен за триумф над Пеќ

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ одигра одличен натпревар во дербито во косовското кошаркарско првенство против Пеќ, но неговиот „флерт“ со трипл-дабл учинок не беше доволен за победа на Бора (94-96).

Мекиќ натпреварот го заврши со 23 постиганти поени при реализација 7/12 во обидите за два поени и 3/6 во обидите за три, а додаде и 10 скокови и осум асистенции со три украдени топки за индекс на корисност од 31 поен, најголем на натпреварот.

Се вчитува...