Eден месец по трагичната несреќа Ангели со порака: Антонио вечно ќе си во нашите срца и мисли

Помина точно еден месец од црниот ден кој донесе огромна тага во македонскиот спорт. Изминатиот месец, спортската јавност, колегите, пријателите и семејството со неверување се присетуваат на прераното заминување на младиот и исклучително посветен кошаркарски тренер Антонио Савески, кој на 33-годишна возраст трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа.

Денеска од три генерации (2009, 2010 и 2011) на Ангели испратија порака: Твојот дух и љубовта кон кошарката ќе останат со нас засекогаш. ВЕЧНО ВО НАШИТЕ СРЦА И МИСЛИ.

Се вчитува...