Еден удар… и крај: Вајлдер го нокаутираше Ортиз за борба со Фјури

Деонте Вајлдер се избори за нова борба со Тајсон Фјури откако во фантастична борба успеа во седмата рунда да го нокаутира предизвикувачот Луис Ортиз.

Одличниот Ортиз пријатно изненади доминирајќи во претходните шест рунди, откако во секоја од нив освои повеќе бодови од бранителот на појасот во ВБЦ-категоријата. Сепак, на крајот пресуди класата на Вајлдер, кој со еден удар го испрати ривалот на под, Ортиз не успеа да стане, па судијата ја прекина борбата доделувајќи му ја победата на ветеранот.

„Сите видовте зошто многу боксери избегнуваа борби со Ортиз, кој е навистина одличен во рингот. Сепак, за да се борите со мене треба да сте перфектни во сите 12 рунди. Јас треба да сум перфектен само две секунди за да го добијам мечот, го потврдив тоа и денеска“ – гордо изјави Вајлдер по десеттата одбрана на шампионскиот појас.

Се вчитува...