Едисон Кола е ново засилување за Струга ТЛ

Прволигашот Струга Трим Лум го потврди своето најново засилување за дефанзивната линија. Нов играч на стружани е Едисон Кола (25), квалитетен стопер кој доаѓа да ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот.

Кола е роден на Крит и поседува грчко и албанско државјанство. Во својата кариера настапуваше за клубови од Грција и Кипар, а во Струга пристигнува од редовите на тимот на Тирана. За еден од најдобрите албански клубови тој одигра 36 натпревари во изминатите две сезони.

Од стручниот штаб предводен од Бледи Шкемби очекуваат Кола брзо да се адаптира и да стане еден од клучните столбови во одбраната. Со овој трансфер, Струга ТЛ уште еднаш јасно ги покажа своите високи амбиции во новата сезона.

Се вчитува...