Една главоболка помалку за Зидан – Модриќ останува уште една година во Мадрид

Лука Модриќ ќе ја игра и десеттата сезона во дресот на Реал Мадрид, откако храватскиот интернационалец успеа да се договори со „кралскиот клуб“ за продолжување на соработка на уште една сезона. Покрај тоа играчот за врска се сложил и на намалкување на неговата плата со цел да помогне на клубот во финансиските потешкотии, пренесуваат шпанските медиуми.

Триесет и пет годишниот Модриќ, пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од редовите на Тотенхем во 2012 година за сума од 35 милиони евра. Досега има одиграно 383 натпревари за мадридскиот состав, притоа 26 пати запишувајќи се во листата на стрелци, а оствари и 61 асистенција.

Притоа преку одличните партии за клубот и репрезентацијата, еден од најдобрите Хрвати во фудбалот, успеа да ја прекине доминацијата на Лео Меси и Кристијано Роналдо со освојување на Златната топка во 2018 година.

 

Се вчитува...