Едно полувреме за Елмас, Наполи ја доби контролата со Анталијаспор (ВИДЕО)

Додека трае Светското првенство во Катар, дел од најдобрите тимови во Европа почнуваат со подготовките за продолжување на клупската сезона. Елјиф Елмас и неговиот Наполи се во Турција каде денеска одиграа пријателски натпревар против Анталијаспор кој го добија со 1-3.

„Наполитанците“ поведоа со 0-1 со голот на Распадори уште во 8. минута. До крајот на првиот дел беше 0-2 откако Политано стрелаше во 15. минута. Во вториот дел домаќините намалија преку Мехмеди во 55. минута на 1-2. Во вториот дел на 1-3 зголеми Распадори со својот втор гол во 61. минута, додека конечните 2-3 беа дело на Озмерт во 86. минута.

Елјиф Елмас се најде во почетната постава на клубот од Неапол и го одигра првото полувреме.

Napoli [3]-1 Antalyaspor – Giacomo Raspadori 61′ from soccer

Се вчитува...