Едно полувреме за Несторовски, реми на Удинезе со Парма (ВИДЕО)

Илија Несторовски со својот Удинезе одигра 2-2 на гостувањето кај Парма во натпревар од 23. коло во италијанската Серија А. Домаќините може да жалат бидејќи по првото полувреме имаа предност од 2-0, со головите на Корнелиус во 3. и Куцка од пенал во 32. минута.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски влезе во игра на стартот на второто полувреме и веднаш донесе живост во својата екипа, која со головите на Окака во 64. и Нучик во 80. успеа да освои бод.

Удинезе во моментов е на 13. позиција на првенствената табела со 25 бода, додека Парма останува претпоследна со само 14 освоени бодови.

 

 

Се вчитува...