Флорентино Перез ќе остане претседател на Реал Мадрид до 2025 година. Синоќа во „Кралскиот клуб“ се одржал состанок на Управниот одбор на клубот на кој е заклучено дека Флорентино Перез е единствениот кандидат за следниот мандат што се однесува до функцијата претседател.
Поради едногласната одлука, немало потреба од одолговлекување, па Перез повторно ја доби поддршката од кралскиот клуб и е избран за претседател со мандат кој ќе трае до 2025 година.
Средбата во просториите на Реал Мадрид траела само 14 минути, а набргу потоа клубот на официјалната веб-страница потврди дека Перез останува претседател на Реал.
Acta de reunión de la Junta Electoral del Real Madrid.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 13, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА