Едноцифрен пораз на ракометарките од Романија

Ракометната репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на ЕП за играчи до 19 години што се одржува во Словенија. Овојпат поуспешни од нашите репрезентативки беа ракометарките од Романија, кои триумфираа со 29-21, прв едноцифрен пораз на Македонија на овој европски шампионат.

Откако на претходните средби им дозволувавме на противниците да доминираат во текот на сите 60 минути, овојпат Македонија го одигра најдоброто полувреме на првенство. На одмор се замина со резултат 17-10, за во вторите 30 минути „црвено-жолтите“ целосно да му парираат на поквалитетниот противник и мечот да го завршат со само осум гола негатива.

Ова не е и крај на настапите на Македонија на овој шампионат, бидејќи нашите млади ракометарки ги очекуваат битки за пласман меѓу 13. и 16. место, најпрвин со Португалија, а потоа и последен меч за избегнување на „фенерот“.

Се вчитува...